Симптоми што не треба да се игнорираат

Доколку некогаш ги забележите следниве симптоми кај себе на подолг период, лекарите препорачуваат да отидете на преглед, за да бидете сигурни дека не се работи за нешто посериозно.

Подолготрајно чувство на замор
Можна причина – Вирусна или бактериска инфекција. Хроничниот замор може да посочи и на нарушена функција на тироидната жлезда или анемија, но и проблеми со срцето.

Јавете се на лекар – Кога уморот станува толку интензивен што дури и најобичното качување по скалилата до првиот кат, предизвикува огромен напор или доколку притоа чувствувате непријатност во градите и одвај дишете.

Чувство на печење во грлото или градите
Можна причина – Зголемено лачење на киселина во желудникот, особено по некој тежок, масен или презачинет оброк.

Јавете се на лекар – Доколку се јави и болка која трае повеќе од 15 минути, во вилицата, рамото или рацете и е проследена со препотување, мачнина, борба за здив или омалаксаност.

Неправилна работа на срцето (забрзано, испрекинато, со прескокнувања или треперења)
Можна причина – Состојба на анксиозност, стрес или преголема доза на кофеин.

Јавете се на лекар – Доколку не се претерало со кофеинот, не постои причина за стрес или доколку симптомите не се намалат ни по длаболкото дишење пред отворен прозорец. Лекарска помош треба да се викне и при состојба на зашеметеност, недостаток на здив или болки во градите.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Чувство на вознемиреност
Можна причина – Напад на паника, особено доколку имало и слични епизоди во минатото или голем стрес/шок.

Јавете се на лекар – Доколку таквата состојба се појавува за прв пат и доколку е проследена и со други симптоми, како што се болки во градите, грбот, невообичаен ритам на срцето, отежнато дишење или потење.

Мачнина
Можна причина – Прејадување, појава на грип или лесно труење со храна.

Јавете се на лекар – Доколку покрај мачнините се појават и следните симптоми: непријатно чувство во градите, вртоглавица, невообичаено чукање на срцето, потење и отежнато дишење.

Болки во вилицата
Можна причина – Болести на забите и вилицата, неодамнешна посета кај заболекарот или стрес.

Јавете се на лекар – Доколку се појават болки и во плешките, градите или вратот или доколку веќе се појавиле мачнина, отежнато дишење, зашеметеност, промена на срцевиот ритам и интензивно потење.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -