Расеан британски младоженец, заборавил да направи резервација за церемонијата, па претпочитал да се јави во полицијата и да поднесе лажен сигнал за бомба, наместо да признае пред неговата идна сопруга дека не ги исполнил своите обврски.
На денот на свадбата Нил Макардел се јавил од телефонски киоск и пријавил експлозивна направа, која ќе експлодира по 45 минути. Па неговата пријава, свршеницата во свадбен фустан воопшто не успеала да се влезе во зградата, бидејќи почнала итна евакуација. Таа не се ни посомневала што всушност се случува.
Лагата на Нил сепак брзо била откриена од полицијата, која уште истиот ден го уапсила. Пред испитувачите тој признал дека заборавил да пополни важни документи и да направи некои важни резервации, поради што се решил на необичната постапка. Заради лажниот сигнал Нил бил осуден на 12 месеци затвор.