Instagram го претстави првиот исечок од новото издание на рекламите и на тоа како тие ќе изгледаат.
Рекламата која всушност претставува примерок од вистинските реклами на Instagram, ќе наликува на типичните слики или видеа кои се споделуваат на социјалната мрежа, со исклучок на тоа што овие реклами ќе вклучуваат и етикета наречена Sponsored која се наоѓа во горниот десен агол, а корисниците често ќе можат да ја користат опцијата Sponsored доколку сакаат да ја сокријат рекламата од своите нотификации.
Како што ветиле, рекламирањето за почеток ќе биде достапно само за некои брендови кои ќе бидат запознаени со правилата на игра кои ги поставува Instagram. Подолу можете да видите други примери од рекламите на брендови како Levi’s, Michael Kors, Macy’s и Lexus, како и од некои други компании како PayPal и Ben & Jerry’s.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk