Погребот на Јованка Броз ќе се одржи во сабота напладне, а пред тоа ковчегот ќе биде изложен пред Куќата на цвеќето.
Ковчегот на Јованка Броз од сабота наутро, пред погребот закажан за пладне, ќе биде изложен пред Куќата на цвеќето, а ќе го чуваат припадници на српската војска.
Влезот на главната капија на некогашната зимска градина на Тито на Дедиње прво ќе биде отворен за новинарите, а потоа и за членовите на Владата и семејството во 11 часот. Потоа, ќе може да влезат сите заинтересирани граѓани и претставници на странски делегации.
Точно на пладне, говор ќе одржи премиерот Ивица Дачиќ, внукот на Јованка, Горан Алексиќ и проф др. Миодраг Зечевиќ. Потоа, во кругот на семејството и владини претставници телото на првата дама ќе биде внесено во Куќата на цвеќето. На граѓаните и странските делегати ќе им биде овозможено да и оддадат почит на вдовицата на доживотниот претседател на Југославија.
На погребот ќе присуствуваат сестрите на Јованка, Нада и Зора со синовите Горан и Зоран, како и внуците на Тито, Златица и Јошка.