2000 немажени жени, на различни возрасти, учествуваа во студијата која покажа дека дамите се чувствуваат многу понепривлечни кога се без шминка.
6 од 10 испитанички велат дека сакаат да се осигураат дека на партнерот навистина му се допаѓаат, пред да дозволат тој да ги види без шминка. Голем дел признаваат дека на почетокот на врските, често одат до тоалетот во текот на ноќта, за да „се доведат во ред“ и да ја поправат шминката.
Отсуството на самодоверба, како резултат на немањето шминка, достигнува големи размери. Третина од жените сметаат дека врската кратко би траела ако партнерот ги види „природни“ премногу брзо. Половина од учесничките во студијата сметаат дека нема да му се допаднат на партнерот во иста мера, а една петина се плашат дека мажот ќе биде шокиран кога ќе види колку различен е нивниот природен изглед.
60 проценти воопшто не дозволуваат дечкото да ги види без шминка, а за време на состаноци редовно ја поправаат со цел да изгледаат што подобро.
Според истражувањето, девојките трошат околу 40 минути на спремање пред состанок со нов дечко – бирајќи гардероба и водејќи сметка за секое влакно да биде на свое место.
Постарите дами, како главна причина за константната употреба на пудра, ги наведуваат брчките на лицето и желбата да изгледаат помлади.
Експертите тврдат дека жените ја употребуваат козметиката не само за да изгледаат поубави и за да бидат посамоуверени, туку и како „штит“ во новите врски. Штитот паѓа дури кога тие се спремни да се прикажат пред партнерот во своето вистинско светло – не само физички, но пред се, емотивно.