Мажите икаат многу почесто од жените, сите бебиња се раѓаат со сини очи, а јазикот е најсилниот мускул во човековото тело.
Телото на човекот е неверојатно сложен систем, а освен тоа, истото се изучива илјада години не престанувајќи да ги изненадува научниците ширум светот. Затоа постојат интересни, но помалку познати факти. Во продолжение прочитајте за дел од нив.
– Косата расте побрзо од било кои други влакна на телото.
– Спиењето во ладна просторија ги намалува шансите да имате ноќен кошмар.
– Колку поголемо IQ имате, толку повеќе сонувате.
– Мозокот е поактивен навечер, отколку преку ден, а научниците се уште не ги знаат причините за тоа.
– Во текот на животот човекот просечно произведува плунка, која е доволно силна да наполни два базени.
– Срцето на жената тропа посилно, отколку на мажите.
– Киселината која се наоѓа во желудникот е доволно силна да разгради цинк, но не може да го уништи желудникот со оглед на тоа што постојано се обновува.
– Ниту еден човек не може да си го бакне лактот.
– Кога ќе се најадеме, послабо слушаме.
– Наутро сме околу сантиметар повисоки, отколку навечер.
– Жените имаат подобар осет за мирис од мажите, а така останува до крајот на животот.
– Најсилната коска во човековото тело е вилицата.
– Мажите просечно имаат 6.8 литри крв, а жените околу 5.
– Рацете и нозете содржат речиси половина, од вкупниот број на коски во човековото тело.
– Ноктот на средниот прст расте побрзо од останатите нокти, а ноктите на рацете растат и до четири пати побрзо од ноктите на нозете.
– Околу 32 милиони бактерии живеат во вашата кожа.
– Кога се раѓаат сите беиња се далтонисти.