Навидум минијатурен проблем, но, слабата циркулација и ладните стапала можат да бидат ефикасен убиец на страста.
Покрај тоа што ладните стапала во екот на страста можат да биде изненадувачки и непријатни, тие се и индикатор за тоа колку жените се чувствуваат безбедно и удобно.
Резултатите од неодамнешните истражувања велат дека 80 проценти од жените успеале да постигнат оргазам кога носеле топли чорапи, наспроти 50 проценти од оние што биле боси.
Герт Холстег, водачот на студијата, објаснува: „Деловите од мозокот одговорни за анксиозност и страв – амигдалата и префронталниот кортекс, мораат да бидат исклучени за да може жената да постигне оргазам. Пријатната атмосфера и опкружување, во што голем удел има и температурата, е важен фактор за постигнување на врвот на задоволството“.