Сите благодети на аронијата

Аронијата потсетува на боровинките и е многу корисна за превенција од малигни заболувања, а ефикасно го прочистува организмот од штетните материи и тешките метали. Оваа билка е отпорна на ниски температури, а може да расте и на температура од минус 45 степени и многу е лесна за одгледување.

DSCN8494

Плодовите на аронијата ги содржат витамините C, A, E, B2, B6, B9 и реткиот витамин P. Од минерали содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во само 100 грама аронија има фолна киселина доволна за цел ден.

Кога станува збор за лековитите својства, тешко е да се набројат сите оти ги има многу: ја поттикнува циркулицијата, ја прочистува крвта, ја ублажува мигрената, влијае на работата на желудникот и цревата, го зајакнува имунитетот, спречува развој на вирусни и бактериски инфекции…

aroniacloseup

Аронијата, исто така, ја регулира работата на штитните жлезди, одлична е во борбата против дијабетесот и заболувања на жолчката.

Благодарение на високото ниво на антиоксиданси, аронијата ги уништува ќелиите на ракот и поради тоа е задолжителен дел од терапијата. Освен тоа, сокот од оваа билка се препорачува во борбата против Алцхајмеровата болест и деменција.

Ја спречува појавата на бори и го забрзува закрепнувањето на раните.

За да го извлечете најдоброто од аронијата, најдобро е да ја јадете свежа како додаток во житарки, овошни салати или во свежи сокови. Веднаш потоа оди сушена аронија, која може да ја додадете во јадења од месо, леб, колачи.

aronia-fuer-restaurants-2

 

Доколку сакате, од аронијата може да направите дури и џем, кој дури и по готвењето ќе ги задржи витамините и минералите неопходни за организмот во зима.

Аронијата е билка која е погодна за садење и на помалку плодно тло. Не бара посебна нега, а расте на сите типови земјиште, освен на солено тло. Се сади во есен, најчесто на крајот на ноември. Првата берба е можна во третата година од нејзиниот живот. Во тој период се формираат просечно по два гроздови на билка со колу 35-40 плодови, или околу 50 до 100 грама плод.

- Реклама -