Уловиле крап само со помош на стап и јадица

 

Двајца риболовци од Тајланд фатиле крап, кој би можел да им ја обезбеди титулата – светски рекордери во робилов.

Кит Вилијамс и Стјуарт Гилијам се среќниците кои по 25 минутна борба успеале да уловат крап од 61 килограм.

Двајцата сега чекаат потврда од здружението „International Game Fish Association” од Америка дека го срушиле претходниот рекорд од 2004 година.

За светскиот рекорд потребно е рибарот да фати риба сам, со помош на стап и јадица. Истотака се мерат и должината и обемот на рибата, а за поставување на нов рекорд потребни се независни сведоци, како и изјава дека чесно е уловена рибата.

 

- Реклама -