Во истражувањата кои ги спроведе магазинот „Clinical, Cosmetic And Investigational Dermatology“, учествуваа 298 жени меѓу 30 и 78 години, односно нивните лица беа прегледани од дерматолози.
Утврдено било дека влијанието на сонцето се зголемува со текот на годините, како и дека оние кои доста излегувале на сонце изгледаат видливо постаро.
Истражувачите дошле до заклучок дека сонцето е виновно за 80,3 проценти на стареењето на кожата.
„Нашите истражувања го потврдуваат влијанието на сонцето врз прераното стареење на кожата. Споредбата на две групи на жени кои различно реагираат на сонце јасно го покажа влијанието на UV зраците“, порачаа од „L’Oreal Research and Innovation“ центарот во Париз.