Пломби на иднината

Никој не сака да оди на заболекар за пломбирање на заб, но сето тоа би можело наскоро да стане само смешен спомен  благодарение на напредок во технологијата. Научници со помош на нанотехнологија ќе го создадат првото соединение за пломби кое ќе ги убива штетните бактерии и ќе го регенерира забот.

Наместо традиционалното ограничување на распаѓањето на забот со класични пломби, новиот материјал ќе ги контролира штетните бактерии кои живеат во природната колонија на микроорганизми во устата. Според студијата, предводена од професорот Хуакун Зу од Универзитетското Училиште за Стоматологија од Мериленд, материјалот исто така ќе го реминерализира забот.

Тој рекол: „Распаѓањето на забот значи дека составот на минерали е растворен од органски киселини кои се создадени од бактериите кои живеат во биофилмови или наслаги на неговата површина. Овие организми ги претвараат јаглехидратите во киселини кои ја намалуваат количината на минерали во структурата на забот.“

Откако стоматологот ќе го избуши расипаниот дел од забот во празнината сепак остануваат бактерии кои тој не може да ги отстрани. Истражувачите додале антибактериски агент кој содржи наночестички од сребро во база која се користи за подготвување на шуплината и лепак кој се користи за пломбата да се залепи за забот.

Пломбите направени со овој нанокомпозит, со антибактеријски база и лепак, би требало да траат подолго од сегашните 5 до 10 години. Овој нов тип на пломба бил тестиран во лабораториски услови користејќи биофилмови од плунка дадена од доброволци. Тимот на професор Зу планира да ја тестира пломбата на животински заби и доброволци во соработка со Федералниот Универзитет од Кеар во Бразил. [Dental filling of the future kills bacteria and regenerates tooth]

- Реклама -