Лажна гитаристка стана мета на интернет-сеирот

Го нарекуваат „најсрамниот настан во историјата на телевизијата во Полска“. Можеби називот не кажува многу, но дефинитивно е заслужен.

Во неодамнешната епизода на утринското шоу „Добро Утро ТВН”, локалната ѕвезда Патрициа Диуткиевич, попозната како Пети, ја изведе нејзината најнова песна „Krzyk“ (Врисок), придружена од две други „музичарки“, кои покрај тоа што не носат здолништа, немаат ни поим што воопшто прават.

original

Во фокусот на вниманието е Анџелика Фајхт, „гитаристката“ која својата претходна популарност ја стекна со фотосесијата за полскиот Плејбој (+18). Имено, покрај отсуството на сериозен обид да делува како вистински да свири на гитара, таа го држи инструментот наопаку! Интернет се потсмева: „Дури и да се потрудеше, таа немаше никаква шанса да делува уверливо“.

Прочитајте и:  Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија

Откако снимката од фијаското се рашири по мрежата, менаџерката на Пети, во обид да го испере нејзиниот образ, тврди дека токму тоа бил планот, да се привлече вниманието на публиката со генерирање на прилично глупава контроверзна изведба. „Очекувавме дека контроверзниот настап ќе стане вирален, тоа беше и првичниот план. Подобро е да се гледа во прекрасни модели што се преправаат дека свират на гитара, отколку во грди музичари што навистина знаат да свират“.

И така, сосема ненамерно, во овој смешен обид да се „обели“ смешен настап, менаџерката ја опиша глобалната музичка поп-сцена во 2013-тата.

- Реклама -