Општопознато е дека американските медиуми ги црпат вестите од неколку извори, па неретко и се повторуваат во начинот на известување. Сепак, кога веста се однесува на второто дете на Мајк Маерс, најпознат по улогата на урнебесниот Остин Пауерс, човек би помислил дека медиумите ќе имаат простор за маневрирање и ќе најдат креативен начин да ја пренесат информацијата. И токму тоа го направија, а резултатот е следниот:
[youtube]http://youtu.be/RIevazPIPzU[/youtube]
„Фората“ се однесува на најпознатата реченица на Остин Пауерс и е веројатно првата асоцијација што некому би му паднала на памет кога ќе се спомне Мајк Маерс.
[youtube]http://youtu.be/F1lJFlB-89Q[/youtube]