Иако нејзиниот Инстаграм профил е блокиран поради многуте голи фотографии, Ријана тоа не ја спречува да го покаже своето тело…
Популарната пејачка Ријана отсекогаш била слободна во покажувањето на своето тело, но во последно време нејзиниот сексапил премина во друго ниво.
Убавицата од Барбадос ја доби наградата Fashion Icon на годинешното доделување на награди на американски дизајнери, а таа се погрижиа да го привлече вниманието во многу провокативен фустан кој повеќе открива отколку што сокрива. Проѕирниот фустан под кој не носела ништо лесно го покривал виткото тело на Ријана.
Фустанот е дизајниран од страна на Адам Селман и на него се сошиени дури 216.000 Swarovski кристали. Носела минијатурни гаќички за да ги покрие интимните делови, но затоа сè останато се оцртувало преку фустанот. Гламурозното издание го дополнила со крзно и марама од ист материјал како и фустанот, па со тоа изгледаше како дива од 30-тите години, во „малку“ попровокативно издание.