Лакот за коса има многу поширока примена отколку што можете да замислите. Еве за што може да го искористите освен за одржување на фризурата.
Искинати хулахопки
Доколку ви се искинат хулахопките на работа или во град, а не сте во прилика да купите нови, лакот за коса ќе ви дојде добро. Хулахопките ќе ви издржат до крајот на денот, а е многу подобро решение од лакот за нокти затоа што за разлика од него не се гледа.
Против инсекти
Ако при рака имате лак за нокти, а при тоа сте наишле на инсект во домот, посегнете по ова метално шише затоа што за секунда ќе ве спаси од бубачката.
Електрицитет на облеката
Доколку имате проблем со „немирна“ облека тука стапува на сила лакот за коса. Единствено морате да водите сметка спрејот да не го држите премногу близу до облеката и телото, туку да го одалечите најмалку 15 сантиметри.
Спас за маникир
Кога ќе го уништите маникирот со фломастер, маркер или пенкало, доволно е ноктите да ги испрскате со лак за коса, а потоа да ги избришете. Така ќе ги сочувате ноктите од оштетување, а вашиот маникир ќе остане ист како кога сте излегле од козметички салон.
Средување на веѓите
Девојките кои сакаат густи веѓи често имаа проблеми со нивното одржување. Во моментот кога секое влакно ви е на различна страна, нанесете лак за коса на стара четка за заби, а потоа со неа поминете преку веѓите.