Сара Дапен има 92 години и е најстарата служителка во McDonald’s.Дапен се појави во медиумите, откако британскиот весник Sun го посочи 88-годишниот Бил Дадли од Велс како најстар вработен на McDonald’s, минатата недела.
Работата на Дапен е да ги поздравува клиентите кога влегуваат и да собира откако ќе завршат со оброкот. Таа тврди дека работата ја држи на нозе и тоа ја радува. Елизабета Холмс, менаџер во McDonald’s, вели дека Сара е многу енергична и најверојатно ќе работи додека не наполни 100 години.