На 6-ти ноември, 91-годишната Јанина Колкиевич била прогласена за мртва, а телото и било испратено во погребалното претпријатие. 11 часа подоцна… се разбудила.
Како што пренесува CNN, кога семејниот доктор ја пронашол таа не дишела и не реагирала. Додека зборуваше со полскиот дописник, докторот беше прилично возбуден, колнејќи се дека направил се што треба и дека не е можно тој да згрешил:
„Го проверив пулсот на артеријата на раката, го проверив и пулсот на каротидната артерија. Го проверив срцето, го проверив и дишењето. Исто така, ги испитав и зениците. Немаше рефлекси. Типични симптоми на смрт“, објаснува докторот.
Откако ја потпишал умреницата, телото на Јанина било испратено во погребалниот дом во Остров Лубелски, градче во источна Полска. 11 часа подоцна, персоналот забележал движење во црната ќеса во која било завиткано телото. Набрзо, семејството добило повик од мртовечницата во кој им било соопштено дека „Јанина Колкиевич не е мртва и дека треба да одат да си ја земат“.
Оттогаш наваму, бабата е дома и ужива во топла супа и палачинки. Се чувствува „фино“ и „нормално“, вели таа за CNN.