Многумина ќе речат дека мачките не се пријателски настроени. Појма немаат. Можеби не се пријателски настроени кон нив. „Океј“, ќе пробаат да ублажат, „ама не покажуваат емоции така отворено како што знаат кучињата“, ќе речат. И пак ќе згрешат. Мачките покажуваат, само треба да ги прочиташ.
Еве краток водич што може да помогне:
1. Мачката те гризе, но не со цела сила
2. Те следи и се мота околу тебе кај и да си, што и да правиш
3. Те „масира“
Ова е често забележано однесување кај мачките. Научниците не знаат зошто се случува, но имаат неколку претпоставки. Прочитајте ТУКА.
4. Мрда со врвот на опашот
5. Преде
6. Понекогаш кога се гледате во очи ќе ве „бакне“
7. Ти носи „подароци“
Следен пат кога ќе ви донесе мртов глушец, не заборавајте дека тоа на мачката ѝ е ко да ви донела бонбониера.
8. Ти го покажува стомакот
9. Ја користи секоја прилика за да се чукнете со главите