Најдобар начин да го задржите работното место е секогаш да бидете на страната на вашиот шеф. Изгледа како едноставна работа, но ќе се изнанадите од бројката на вработени што не мислат така.
Monster.com сподели неколку реченици со сите вработени што шефовите никако не сакаат да ги слушнат.
1.Не е моја вина
И да не е, самото изговарање на оваа реченица ве прави да звучите како шестгодишно дете. Возрасните ја преземаат одговорноста и почнуваат акција за да ја поправат грешката. Шефовите сакаат вработени кои секогаш се дел од решението, особено ако претходно биле дел од проблемот.
2.Тоа не е моја работа
Вашите обврски не се ограничени само на тие што се наведени во вашиот опис за работното место. Ако шефот побара нешто од вас што мора да се направи тогаш тоа е ваша работа. Во спротивно ако му кажете дека не е ваша работа ќе звучите детинесто и како да немате почит кон него.
3.Сигурно настанало некакво недоразбирање
Со оглед на тоа што денес конкурентноста е огромна, шефот не може да си дозволи поради вработен да изгуби важна зделка и големи пари. Различни шефови бараат различни информации, најдете кои се на вашиот и бидете сигурни дека ќе ги сретнете.
4.Многу сум мамурен/на
Тоа што сте пиеле во текот на работна недела му покажува на шефот дека не си ја сфаќате работата сериозно.
5.Не можам повеќе да го/ја поднесам (името на некој/а ваш/а колега/колешка)
Сите шефови сакаат нивните вработени да се почитуваат и да се однесуваат како возрасни.
6.Премногу сум болен/на за да дојдам на работа
Ова е добро ако е вистина, особено ако не можете да работите од дома или болеста е заразна, но ако е лага и ако вашиот шеф дознае тогаш ќе настане голема неволја. Можноста да ве фати во лага е зголемена благодарение на социјалните мрежи. Потребен му е само еден клик на Facebook, Foursquare или Twitter.
7.Лелекање и жалење
Од големата рецесија од сите вработени се бара со што помалку да направат повеќе. Лелекањето дека премногу работите на вашиот шеф не е соодветно затоа што и самиот тој премногу работи. Кога ќе помислите да му се пожалите на вашиот шеф запамтете дека многу луѓе чекаат да бидат вработени и тој лесно ќе најде замена.
8.Сакам покачување
Не е обврска на вашиот шеф да ви ја пополни испразнетата картичка и да ви ги исполни потребите за одмор и јадењето по ресторани. Ако сметатате дека заслужувате покачување на платата треба и да го докажете тоа.
9.Ќе дадам отказ ако…
Никогаш не се заканувајте со отказ освен ако не сте сигурни дека шефот ќе падне на вашиот блеф. Во спротивно, дефинитивно ќе ја изгубите неговата почит, а можно е и вашата работа.