Светот на најголемите копнени животни на Земјата, што потекнуваат од само два континента – Азија и Африка, е многу поинтересен отоколку што мислевме.
Најголемиот слон на светот е?
Африканскиот слон во просек е повисок од оној од Азија за еден метар, а потежок дури и до две тони. Според зоолошката градина во Сан Диего, најголемиот слон на светот ни доаѓа токму од Африка и е тежок повеќе од десет илјади килограми, а висок околу четри метри.
Начин на исхрана
Возрасен слон може да изеде околу 136 килпграми храна на ден. Сепак, апетитот на еден слон зависи од неговата големина. Големите слонови се подложни на различни здравствени проблеми предизвикани од апетитот. Поради екстремната големина, тешко е да се измерат.
Мама е главна
Слоновите се движат во стада што ги предводи највозрасната женка. Младите и повозрасните женки се држат и патуваат заедно, додека возрасните мажјаци скитаат самостојно.
Манири
Слоновите имаат свои правила. На пример, тие при средба со друг слон очекуваат од него да ја истакне својата сурла во знак на поздрав. Возрасните женки често ги подучуваат младите слонови во стадото како да се однесуваат.
Ушите, знак за распознавање
Африканските слонови се пропознатливи по нивните огромни уши. Многумина сметаат дека кога им се истакнати, имаат облик на африканскиот континент. Азиските слонови имаат помали и потркалезни уши сплескани на краевите.
Сурла од сто илјади мускули
Сурлата, која е заштитен знак на овие животни е интересна по тоа што таа се состои од сто илјади мускули. Слоновите ја користат како средство за дишење, а со помош на неа држат предмети и храна.
Природен клима уред
Бидејќи постојано се изложени на сонце, слонивите изнаоѓаат различни начини за да се разладат. Еден од нив е исфрлување на вода низ сурлата. Интересен податок е и дека слоновите ги користат ушите за исфрлување на дел од топлината.
Лева или десна страна
Како што луѓето можат да бидат левучари и деснаци, така и слоновите претежно ја користат левата или десната бивна (долгите заби карактеристични за слоновите). Според World Wildlife fund доминантната бивна лесно се препознава, таа е поспуштена од другата.
Заштита од сонцето
Иако кожата на слонот е дебела повеќе од два сантиметри, таа е мошне чувствителна на сонце. За да ја заштитат, слоновите се покриваат со кал или со прашина.