9 од 10 случаи на канцер се по вина на болните?

cancer-cell[1]

Научниците тврдат дека во најголем број случаи, добивањето на рак не е резултат само на лоша среќа и е по директна вина на болниот. Студијата на универзитетот „Стоуни Брук“ покажува дека 90% од случаите на канцер се предизвикани од надворешни фактори, како: пушење, пиење, изложеност на сонце или изложеност на загаден воздух; така што по сé изгледа превентивата е полесна отколку што порано се мислеше.

„Постојат промени што можеме да ги имплементираме во нашиот начин на живот, со што значително ќе го намалиме ризикот од канцер“, изјави претставникот на World Cancer Research Fund за Telegraph. Според него, најчестите канцери можат да бидат превенирани преку „придржување кон здрава исхрана, вежбање и одржување на здрава тежина“. Аргументот на научниците е дека канцерот е премногу чест за да може да биде сведен само на последица од мутации во делбата на клетките (како што сугерира една студија од јануари): „Природните ризични фактори само делумно придонесуваат во појавата на рак“, вели авторот на студијата.

Направената ревизија на неколку поранешни студии (меѓу нив и оние кои сугерираат дека лицето што се сели од земја со ниска стапка на канцер во земја со висока стапка на канцер, набрзо развива канцер соодветен на стапката на новата околина) сугерура дека најголемиот број на случаи на појава на рак се поврзани со околината и животните навики. Така, 75% од ракот на дебелото црево се должат на лошата исхрана, 86% од ракот на кожата се резултат на изложеност на сонце, а 75% од ракот на главата и вратот се должат на цигари и алкохол, се вели во студијата.

Заклучокот звучи прилично грубо и по малку нечовечно, но она што е важно е дека статистички гледано, одбраната од ракот во голема мера зависи од нас самите и не треба да се оставаат нештата на „случајноста“. Свеста за превенцијата на канцер мора да се развива во таа насока.

- Реклама -