9 неверојатни употреби на тениските топчиња

Тениските топчиња може да бидат многу корисни и надвор од терените. Дознајте девет интересни начини на користење на обичните зелени топчиња во домот и во секојдневниот живот.

tennis-ball-l1. Заштитете ги катанците од замрзнување

Со нож исечете го топчето и навлечете го преку катанецот. Тоа ќе спречи да влегува вода во бравата и нејзино замрзнување.

2. Сменете ја скршената сијалица

Скршената сијалица може да биде незгодна за отшрафување и токму поради тоа употребете тениско топче. Внимателно отстранете ги скршените парчиња стакло, земете го топчето и потпрете го на металниот дел од сијалицата. Со кружни движења отшрафете го остатокот и проблемот е решен.

3. Направете „перниче“ за чеканот

Исечете X на топчето и навлечете го преку предниот дел од чеканот. Тоа ќе го заштити вашиот ѕид, мебел или некоја друга површина од ударите.

4. Направете сензор за паркирање

Закачете топче на коноп и закачете го на плафон. Наместете го така што кога ќе влезете со автомобилот во гаража да го допре горнит дел на шовершајбната. Во моментот кога ќе влезете со автомобилот од гаражата и кога топчето ќе ја допре шофершајбната точно ќе знаете дека правилно сте паркирани.

Garge-parking-with-tennis-ball

5. Направете отворач за тегли

Исечете го топчето на половина. Едната половина притиснете ја на капакот на теглата и вртете. Внатрешниот гумен дел ќе заврши одлична работа.

6. Заштитете ја куката на автомобилотF43LBUAGGPETHE3

Со нож направете исечок на топката и навлечете ја преку куката. На тој начин ќе ја заштитите куката, но и другите автомобили од евентуално гребење.

7. Направете мини каса за вашиот автомобил

Со нож исечете го топчето и во него чувајте ги монетите. Тие ќе ви дојдат добро за плаќање на патарина и нема да мора да копате по џебовите или чантите за да го најдете паричникот.

8. Зајакнете ги мускулите

Топчето може да биде корисно и за јакнење на мускулите. Земете по едно топче во двете раце и континуирано стискајте ја и опуштајте ја шаката.

9. Измасирајте ги стапалата

Ова може да ја правите и додека гледате телевизија. Топчето ставете го под боса нога и со лесни движења контролирајте го по должината на стапалото и веднаш ќе почувствувате олеснување.

51f7c9c23b15c3ca_foot

- Реклама -