Во светот постојат фасцинатни градби изделкани директно во карпите, некои стари илјадници години сведочат за неверојатната вештина и натчовечката сила која била потребна за да се направат. Сега сигурно ви паѓаат на памет Рашмор планината со претседателските глави во САД или некои градби во Египет, меѓутоа заборавете на нив и погледнете некои помалку познати места во светот кои го одземаат здивот.
Во светот постојат фасцинатни градби изделкани директно во карпите,
некои стари илјадници години сведочат за неверојатната вештина и
натчовечката сила која била потребна за да се направат. Сега сигурно
ви паѓаат на памет Рашмор планината со претседателските глави во САД
или некои градби во Египет, меѓутоа заборавете на нив и погледнете
некои помалку познати места во светот кои го одземаат здивот.
Во Кина има многу статуи на Буда, меѓутоа Големиот Буда од Лешан е уникатен заради тоа што е изделкан директно на карпа. Скулптурата која е 71 метар висока е позиционирана така за да гледа во планината Емејшан и да стои на местото каде се среќаваат три реки.
Лалибела во Етиопија е дом на седум цркви сите изделкани во карпите. Најпозната е таа на св. Георгија, која била направена во 13 век и која го побива мислењето дека Африка била „Темниот континент“ се до доаѓањето на Европјаните, зошто ни покажува дека технологијата тогаш била речиси исто толку развиена како и таа во западниот
свет. Ова место денес е под заштита на UNESCO и често за него се зборува како за осмото светско чудо.
Бангладеш има долга и динамична историја за која сведочат многу религиозни градби кои го одземаат здивот. Самапура Махавихара, која порано била будистички манастир, е една од нив. Се смета дека била направена кон крајот на 9 век и дека важела за академски центар за луѓето од три религии.
Иако во споредба со другите масивни скулптури во карпа, тие во САД се со понова историја, Маунт Рашмор е една од најпознатите статуи во светот. Меѓутоа, кога ќе биде завршен Меморијалот Crazy Horse ќе биде најголемата скулптура на светот со височина од 172 метри. Со други зборови, ќе биде речиси десет пати поголема од секоја една од главите на претседателите. Започната да се гради во 1984, сé уште е незавршена и нема конкретна дата кога таа ќе биде комплетирана.
Датира од 6 век п.н.е. Начинот на кој се изделкани на голема височина, технологијата и човечката сила што е потребна за да се направи тоа се незамисливи за тоа време, па и денес. Локалните луѓе ги знаат како Персиски крстови зошто фасадите се изделкани во таа форма. Центарот на секој од крстовите води кон мала комора каде телата на кралевите биле положувани во саркофази.
Направени во 2 век п.н.е. Аџанта пештерите се ремек дела на сликарската уметност. Во текот на многу векови овие пештери биле градени под водство на Хинду кралевите, а повеќето од нив учествувале во нивната изградба.
Биле изградени во форма на потковица, зачувувајќи ги линиите од карпите во кои биле изделкани. Ако однадвор и изгледаат како карпи, во внатршноста се ремек дела на скулптурска уметност.
Дека не се правеле скулптури во карпи само во минатото е доказ оваа скулптура во Романија направена во чест на Децебал, крал на Даките, кој водел многу војни против Римската Империја. Се смета дека познатиот роб Спатак бил потомок на Даките. Историчарот Јосуф Константин Драган ги финансирал двајцата скулптори со повеќе од два милиони долари, за по негова иницијатива во текот на десет години (завршен во 2004) да биде изграден овој споменик кој речиси по две илјади години од живеењето на кралот Децебал ги слави неговите победи врз Римјаните.
Се враќаме во Индија во храмот Каилаш кој е дел од комплексот од 30 храмови кои се простираат на површина од повеќе од два километри. Она што е неверојатно за нив е што се ископани вертикално. Работниците почнале од врвот и оделе кон долу. Храмот бил буквално откопуван и откриван во карпата во текот на многу години. Каилаш бил изграден во осмиот век н.е. и се верува дека при тоа биле отстранети 200.000 тони од карпата. Тој е традиционален храм посветен на богот Шива кој стои гордо како најголем монолитен храм во светот.
Саудиска Арабија, која не е честа дестинација на туристичката мапа, во 2008-та го доби првото место кое влезе во светското наследство на УНЕСКО – античкиот град познат под името Негра. Некои од записите најдени таму датираат од пред речиси 3.000 години. Местото е спомнато повеќе пати во Куранот. Меѓутоа, Негра доаѓа со знак за предупредување – многу Арапи го сметаат за проколнато и иако владата го охрабрува туризмот на ова место, многу од локалните луѓе не сакаат да одат таму и ги советуваат посетителите и тие да не го прават тоа.