Еден од најголемите превизвици во врската претставува ситуацијата кога еден од партнерите побара блискост надвор од бракот, без разлика дали е таа физичка или емотивна. Кога луѓето ќе дознаат дека се изневерени, често имаат милион претпоставки за тоа како и зошто дошло до неверство.
Живееме во општество во кое луѓето настојуваат да ја сочуваат својата приватност кога неверството е во прашање. И на оваа тема се кажани илјадници глупости, а она што вие претпоставувате дека е точно, всушност никогаш не е. Ви ги откриваме деветте најчести заблуди за неверството, како и реалните фактори кои треба да ги знаете.
1. Кога неверството ќе исполива на површина, парот никогаш повеќе не може да биде среќен
Аферите се случуваат и луѓето се опоравуваат од нив, но ретко ќе имате прилика да слушнете приказна за среќен крај на оваа тема затоа што никој не сака за зборува за тоа. Паровите можат да научат како успешно да го изградат својот однос од почеток, а има и примери кога нивната врска станала уште посилна по кризата која успеале да ја пребродат.
Раздвојувајќи ги фактите за неверството од фикција на вас и вашиот партнер може да ви помогне подобро да разберете како доаѓа до неверство, што да очекувате ако тоа ви се случи и што можете да направите за да го спречите неверството. Вистината е моќно средство кое може да ви помогне да се опоравите.
2. Неверството никогаш не се случува само поради сексот, причина се брачните проблеми
Секако дека постои неверство во кое коренот е неостварената емотивна потреба, но за некои луѓе, кои не се повеќто, аферата се сведува на самиот сексуален чин.
3. Нема неверство ако нема секс
Многу неверства се случуваат без секс. Дали е неверство ако половина од ноќта во тајност размислувате за најинтимните пораки од некој стар пријател? Личноста која го прави тоа можеби нема да гледа на ситуацијата како неверство, но бидете сигурни дека вашиот партнер нема да ја сфати ситуацијата како вас. Ако му дадете емотивен де на некој со кого еден ден би можеле да имате афера, тоа е веќе неверство.
4. Суштината на аферата е во сексуалната привлечност
Секако дека има афери кои се сведуваат на секс, но неверствата најчесто доаѓаат поради емотивна поврзаност. Понекогаш, две лица само поминуваат време заедно и делат одредени чувства и тоа е се, иако чувствата на емотивна блискост често водат до креветот.
5. Аферите се случуваат поради проблеми во врската или бракот
Голема е вистината во тоа дека во скоро секој брак има проблеми. Неверството не мора да се случи затоа што нешто не е како шти треба. Една од причините е тоа што луѓето не умеат заедно да ги решаваат проблемите кои ги имаат, а фактот дека имате проблеми во врската не го оправдува неверството.
6. Еднаш неверен, секогаш неверен
Секако дека постојат луѓе на кои неверството им е во крвта, но не се сите луѓе исти кога се работи за нанесување на зло на партнерот. Многу неверства се случуваат еднаш и никогаш повеќе. Она што може да се случи по тоа може да ја доведе врската до стабилност или да ја заврши засекогаш. По ставањето на крај на аферата, оној кој го извршил неверството мора да ја каже целата вистина за неа. Признавањето на вистината е првиот чекор кон залекувањето на раните.
7. По аферата можете да се збогувате со бракот
Не така брзо! Повеќе од половина бракови го преживуваат неверството. Иако е можно во иднина врската да се распадне поради други проблеми, но кога паровите се подготвени да работат на врската заедно, можат и повторно да ја изградат довербата меѓу нив. Најчести причини за пропаѓање на бракот е фактот што со партнерот сте се оддалечиле и не сакате повеќе да разговарате меѓусебно.
8. Неверствтото се случува со многу помлади или привлечни луѓе
Не секогаш! Сетете се на аферата на Шварценегер и неговата домашна помошничка. И реално, дали сте виделе некои од жените со кои Тајгер Вудс се плетка? Во ред, се случува 60 годишен директор да има помлада жена, но најчесто љубовниците не се ниту промлади, ни побогати, ни попривлечни од сопружникот. Тие се само нови.
9. Аферите се случуваат затоа што мажите ги бараат
Не. Во најчестиот број на случаи, неверството им се случува на луѓе кои тоа не го бараат. Ова е особено точно во ситуации кога партнерот бил неверен само со едно лице. Аферите најчесто започнуваат така што најпрво ви е пријатно со некој, да речеме колегата од канцеларија. По чувствтото на пријатност следи откривањето на интимните тајни, што може да прерасне во емотивна поврзаност со надозволени последици.