Среќен ден за фудбалерите на Реал. Тие ја имаа честа во соблекувалната да им стапне 9-годишниот бушавко Енцо, кој освен по фризурата, ќе познаете дека му е син на Марсело и по тоа како ја владее топката.
Малиот ја искористи посетата за да ги „испраша“ ѕвездите на Реал, а патем и да им пренесе дел од своите фудбалски умеења.