Ќе прочиташ дека Кина е најнаселена земја и дека со население од 1.3 милијарди жители таму стварно е гужва. Ќе прочиташ дека градовите се гушат во сообраќајниот метеж, во големото загадување и во пренатрупаните живеалишта. Ќе прочиташ и дека политиката на едно дете што ја воведе Кина во 1970 година, според кинеските власти спречила 400 милиони нови породувања.
Ама колку и да читаш работи, ништо нема да ги доведе во перспектива одделните аспекти на животот во Кина, како што можат овие фотографии направени во последните 16 години, од кои се чини дека политиката на едно дете баш и немала некој ефект.
^ Кога во Ханџу се отвара нов станбен комплекс за продажба, пред канцелариите се формира огромна опашка од заинтересирани.
^ Кинези во базен во провинцијата Сечуан – фотографија од минатиот август. Личи на сé друго, освен релаксирачко.
^ Студентскиот интернат на универзитетот во Ухан, во провинцијата Хубеи.
^ Повеќе от 1700 ученици од средните училишта во град во провинцијата Шанси, на испитот во 2015 година. Нормално, испитот се спроведува на отворено, бидејќи не постои доволно голема сала за да ги собере сите ученици.
^ Пукаат летни горештини, а илјадниците таксисти чекаат патници на меѓународниот аеродром на Пекинг.
^ Жена успева да си го најде велосипедот и се подготвува да тргне.
^ Во универзитетот во Ухан, Хубеи, студентите спијат на душеци поставени во салата на климатизираниот кат за фитнес, во обид да здивнат од жегата.
^ Илјадници луѓе бараат работа на саем за вработување во Чунцин, југозападна Кина.
^ Летово, на плажа во Далиан во провинцијата Лаонин. Безброј чадори и уште толку повеќе летувалци.