9 брутално реални причини зошто миленијалците не сакаат да имаат деца

Millennial-Mom

Соочени со прашањето „Сакате (да имате) деца?“, многу претставници на генерацијата Y (родените меѓу 1980 и 2000 година) ги креваат рамениците и несигурно одговараат „Не“.

Одамна си замина времето кога сексот водеше до репродукција, a природниот темел на сојузот меѓу мажот и жената беа 2 – 3 неблагодарни дечиња, кои ведро играат наоколу.

Модерните луѓе во репродуктивна возраст се многу позаинтересирани за своите кариери и професионални цели, отколку за одгледување на маленче што ќе им ги исшмука сите пари, а како резултат на тоа, општото ниво на наталитет во западните општества се намалува.

За да се разбере зошто повеќето 20-35 годишни велат „не“ на родителството, екипата на американскиот сајт The Rooster собра пар мислења од читатели и пријатели.

Одговорите се од луѓе од секакви класи и средини, а покажуваат дека има многу причини што современите млади не сакаат деца. Еве некои од главните:

Денешниот свет е грозно место

Понекогаш одлуката да не бидеш родител доаѓа од желбата да го поштедиш идното дете од живот во свет на будали, тероризам, болести и дисфункционална комуникација меѓу луѓето. Често се случува и самите миленијалци да жалат што воопшто се родени во ова време, и што нема видлива и доволно голема промена во глобалната состојба, која би им ја вратила желбата да раѓаат деца во овие услови.

„Сте гледале ли вести во последно време? Баш затоа не сакам да имам деца.“ – Вели Тејлор на 23 години.

Сиромаштија

Во случај да не сте забележале, парите постојано недостасуваат. Меѓу другото, тоа се должи и на фактот што миленијалците се најобразованата, а најниско платена генерација на сите времиња.

Студентски кредити, кирија за станови, сметки… На трошоците им нема крај.

Земјата и без тоа е преполна

Во моментов на планетата има повеќе луѓе од било кога. Паметно ли е да додаваме уште? Тоа би ги усложнило проблемите со пренаселеноста и загадувањето на животната средина. Исто така би го направило животот во големите градови уште понеподнослив и тежок (а факт е дека сите ќе сакаат во градовите) – повеќе метеж, повеќе штетни гасови, карбон футпринт и слично.

Покрај тоа, на Земјата веќе има премногу несакани деца, оставени во домови во кои живеат во лоши услови и се несреќни. Такви се и еден куп деца кои живеат во семејства со екстремна сиромаштија, и сé заради суперконзумеризмот на едни општества за сметка на други.

Бременоста е страшна

Дури и со овој степен на развој на медицината, носењето и раѓањето на дете за многу млади жени е тензичен, болен и скап физички тест.

Некои жени едноставно не се согласуваат со идејата нивното тело да биде извор на храна за нешто што живее во нив „како паразит“. Колку и да звучи неприродно, многу современи жени се плашат од овој процес и го сметаат за одбивен.

„Едноставно не сум од луѓето кои наоѓаат бременоста за убава. Гледам трудници и се чувствувам ужасно дека во нив има друг човек. Единственото нешто што сакам да имам во себе, е вибратор или бурито“ – Зара, 26.

Денес и имањето деца знае да биде од себични побуди

Има луѓе што ќе речат: „Сакам да имам деца за да видам дали можам да направам сé во овој живот“ или „ме копка каков човек ќе излезе од мене“.

Тоа се глупости и супер себични причини заради кои може да сакате да создадеш дете.

Децата не (треба да) се експеримент и не (треба да) се наше огледало во кое ќе можеме да си се восхитуваме самите на себе. Децата се посебни луѓе со посебна судбина и посебни доживувања, и треба што повеќе родители да го сфатат тоа.

Ќе ги осакатиме со несоодветно одгледување

Многу луѓе едноставно немаат доверба дека се способни да одгледаат и воспитаат друго човечко суштество. Не сите жени се програмирани да имаат мајчински инстинкт и не сите мажи настојуваат да си го расфрлаат семето. Некои и самите си признаваат дека не ги бива за тоа и најлошото нешто што можат да го замислат е да го оптоварат општеството со уште неколку мини верзии од себе. Други миленијалци едноставно не сакаат деца.

„Лично јас никогаш не сум чувствувала ниту мајчински инстинкт, ниту биолошки часовник. Повеќето мои средби со децата се чудни и неудобни. Ако така се чувствувам секој пат, најверојатно едноставно не треба да имам деца.“ – Брандо, 28.

Сакаме кариери. Тоа е.

Новите истражувања докажуваат дека идејата да се има сè – и кариера, и деца, е апсолутно нереална и несфатлива. Не е чудно што страшно многу луѓе претпочитаат да работат и да се развиваат во кариерата пред да имаат деца. Тие едноставно сметаат дека децата ќе ги спречат во тоа да го остварат својот целосен потенцијал.

Бидејќи децата нема да ја поправат ситуацијата

Некои избираат да имаат деца едноставно затоа што се досадуваат, браковите им се речиси пропаднати или пак сметаат дека тоа ќе им даде некаква смисла во животот, или уште полошо – подобар социјален статус. Но децата не се етикета што се носи – тие го бараат целото твое внимание во минимум 18 години. Децата нема да го поправат/одржат бракот или да те направат важен и значаен сам по себе.

„Една од моите пријателки роди дете бидејќи мислеше дека тоа ќе ги натера дечко нејзината да се омажи за него. Тоа е лудост“ – Тејлор, 27.

„Многу парови мислат дека децата значат посилно врзување. Не.“ – Оливер, 25.

За оние кои едноставно не сакаат да имаат деца, не треба да има причина

Тоа е како да не сакаш пача и некој постојано да ти бутка пача пред лицето. Што прави човек со своето тело, кариера, пари и живот е прашање на личен избор и не е задолжително постојано да им се објаснува на другите зошто си избрал да немаш деца.

„Тоа е мое тело и немам обврска да им ги објаснувам на другите изборите што ги правам околу него“ – Џули, 31.

Многу миленијалци не можат да објаснат зошто конкретно не сакаат деца. Едноставно не го чувствуваат како нешто што е важно за нив и не наоѓаат за потребно да го реализираат тој свој потенцијал.

Во меѓувреме, нас како општество ни преостанува не да судиме и да покажуваме прсти кон последицата (големиот број на млади луѓе што не сакаат деца), туку да ги посочуваме и решаваме општествените проблеми кои ја причинуваат.

- Реклама -