Бројот на дијагностицирани пациенти заразени на коронавирусот расте. Тоа беше очекувано, одиме кон пикот на детектираниот број пациенти.
Влегуваме во нова фаза на менаџирање на оваа криза, повторуваат претставници на Министерството за здравство и апелираат на почитување на владините мерки за седење дома.
Сега надлежните се фокусирани на идентификација на заразените луѓе и на следење на процесот на самоизолација. Нашата стратегија е комбинација на болничко и домашно лекување.
Досега 9,5 отсто од заразените пациенти се здравствени работници, или вкупно 52, од кои 34 биле заразени во болнички и амбулантски услови.
Досега се направени солиден број тестови и пред нас е само Словенија во споредба со земјите од регионот. Се работи на тоа и лабораторијата во МАНУ наскоро да биде вклучена во системот на тестирање.
Во однос на заштитната опрема за здравствените работници, од Министерството за здравство велат дека имаат опрема, дека досега никој не кажал дека недостига и дека наскоро ќе се надополни таа опрема.