Реј Џесел има 84 години, но тоа не го спречи да настапи на ултрапопуларното шоу „Америка има талент“. Не само што настапи, туку и докажа дека има талент, не само за пеење, свирење и пишување текстови, туку и за да ја насмее и развесели публиката. Без одложување, погледнете го видеото и ќе сфатите зошто ова кул старче преку ноќ стана миленик на Америка, а и наш.