81 гласа „за“ и ниту еден „против“: Изгласани уставните измени и промената на името

Уставните измени согласно Преспанскиот договор ја поминаа и финалната фаза во Собранието на (засега) Република Македонија.

Со двотретинско мнозинство, поточно со 81 глас „за“ и ниту еден „воздржан“ и „против“, пратениците ги донесоа и прогласија амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и Уставниот закон за спроведување на амандманите.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата.

Прочитајте и:  Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување
- Реклама -