Во минатите 80 милиони години еден мал организам кој живее во вода, bdelloid rotifer, живее доста успешно без бенефитот на секс.
Сега, иако асексуалната репродукција не е ништо ново за науката, но начинот на кој овие организми се размножуваат е доста уникатен: Тие јадат ДНК која ја наоѓаат во органски отпадоци. Ова покажува дека сексот можеби и не е толку важен за репродукцијата.
Во оваа меѓународна студија тим истражувачи предводени од Киара Боскети и Алан Тунаклиф од Кембриџ Универзитетот ги спровеле првите анализи на мистериозниот организам. Тие откриле дека микробезрбетниците, кои се исклучиво женки, добиваат околу 10 проценти од нивните активни гени преку јадење на бактерии, габи, алгии други организми кои се наоѓаат во водата.
Откако ќе ја изедат новата ДНК, тие ги „транскрибираат“ генетските информации на начин на кој научниците не можат да го разберат – процес кој го нарекле „хоризонтален трансфер на гени“. Но истражувачите со сигурност знаат дека од овој генетски материјал, околу 80 проценти се код за ензими (кои се значаен придонес за биохемијата на организмот), и дека 39 проценти од ензимската активност е надворешен придонес.
Во 23 проценти од случаите активноста е уникатно предводена од надворешните гени. Она што е фасцинантно е што хоризонталниот трансфер на гени им овозможува на организмите постојано да еволуираат и да се приспособат на променливата животна средина. [Biochemical diversification through foreign gene expression in Bdelloid Rotifers]