Римејкови од 80-тите

Повеќе...Сигурни сме дека сте гледале некој лош римејк на ваш омилен филм. Тоа е затоа што Холивуд прави римејкови деноноќно… понекогаш и без обѕир на оригиналот. Погледнете кои филмови од 80-тите е направен или ќе биде направен римејк.

Сигурни сме дека сте гледале некој лош римејк на ваш омилен филм. Тоа е затоа што Холивуд прави римејкови деноноќно… понекогаш и без обѕир на оригиналот. Погледнете кои филмови од 80-тите е направен или ќе биде направен римејк.

„Кошмарот во улицата на брестовите“
Оригинал: 1984 – Римејк: 2010
2710_12793080609
Оригиналниот филм со право се смета за хорор класика. Но, продолжение по продолжение… и застрашувачкиот Фреди Кругер се претвори во стенд ап комичар. Во овогодинешниот римејк, Џеки Ерл Хејли (кој беше номиниран за Оскар), ќе ја стави својата застрашувачка ракавица и ќе му го врати тоа што му е потребно на Фреди: повеќе злобност, а помалку лоши сценарија.

„Петок 13-ти“
Оригинал: 1980 – Римејк: 2009
3448_13435934593
Римјекот на „Петок 13-ти“ не беше римејк во вистинска смисла на зборот, туку повеќе компилација од првите три филмови. Мајката на Џејсон сакаше одмазда (како во првиот дел), Џејсон го нападна кампот Кристал Лејк со ќеса на главата (како во вториот дел) и конечно ја стави позната хокеј маска (како во третиот дел).

„Слава“
Оригинал: 1980 – Римејк: 2009
7339_8475791919
Дрогата, сексот и насилството од оригиналот сега беа претворени во поблага семејна верзија. Иако и во овој филм имаше одлични музички настапи, сепак постигна само дел од длабочината и шармот од оригиналот.

„А-тимот “
Оригиналната серија: од 1983 до 1987 – Римејк: 2010
1560_9366380306
Ако се сеќавате на култното телевизиско шоу со своите мили ликови, многу кул експлозии и истрели од митралези кои мистериозно никогаш не убиваат никого – тогаш сигурно одвај ќе го чекате големиот римејк ова лето. Очекувајте ги истите ликови (но, не истите актери, за жал), поголеми, пострашни и покул експлозии… и уште повеќе пукање со митралези.

„Трон“ и „Трон: Наследство“
Оригинал: 1982 – Римејк: 2010
18_12760043902
Кога „Трон“ излезе во 1982, со своите компјутерски ефекти беше визуелно чудо. Беше, за жал и големо промашување на бокс офисот. Но, си создаде свој култ на фанови и сега, 28 години подоцна доаѓа нов „Трон“ филм. Приказната е слична: тип е вовлечен во компјутерска игра и мора да ја заврши за да остане жив, но исто така, враќа и ликови од првиот филм и ја продолжува нивната приказна.

„Карате кид“
Оригинал: 1984 – Римејк: 2010
6040_6276415120
Зарем има некој кој не го памети оригиналот? Па, приказната е иста: младо момче се наоѓа во чудна нова земја, го напаѓаат силеџии и учи како да се одбрани од мистериозен учител, кој воедно и му станува и татковска фигура. Сѐ друго е различно. Римејкот е во Кина, главниот лик е во основно, а не во средно училиште – а и покрај името, детето учи кунг-фу, а не карате.

„Судирот на Титаните“
Оригинал: 1981 – Римејк: 2010
4727_5205901583
Најочекуваниот римејк оваа година. Во оригиналот глумеше кремот на британскиот актерски свет: Лоренс Оливие и Меги Смит, кои беа Грчки богови на планината Олимп (која изгледаше како дискотека). Римејкот е секако поголем, пострашен и поубедлив. Сем Вортингтон (од „Аватар“) го игра Персеј. Дури и ако не ја знаете грчката митологија толку добро, богатите специјални ефекти ќе ве натераат да го гледате филмов.

- Реклама -