8 забавни статистики за бебињата

Кога не плачат, бебињата се мали, неодоливо слатки и секогаш забавни играчки за возрасните. Секојдневно демонстрираат некоја нова вештина, а толку се кул што дури и статистиките за нив се забавни. Еве неколку:

  • Кога бебешкото тело би растело пропорционално со развитокот на мозокот, бебињата стари само еден месец би тежеле околу 77 килограми.
  • Изгледот лаже. Можеби мислите дека во тоа мало главче не се случува ништо важно, ама таму се кријат вистински мали мислители. Имено, бебињата трошат дури 60% од енергијата на размислување.
  • Развојот на мозокот до 3-тата година од животот е поопсежен отколку развојот на мозокот во целиот преостанат живот.
  • Толку размислување несомнено мора да вроди со плод. Така, до моментот кога ќе наполнат една година, бебињата знаат околу 70 збора, само што не се доволно вешти да ги изговорат. Дури откако ќе наполнат една година, бебињата се претвораат во мали дрдорковци, понекогаш откривајќи нови зборови на секои неколку часа.

Twins-Cute-Babies-540x359[1]

  • Бебињата на кои родителите прилично многу им зборуваат, по првите две години од животот знаат и до 300 зборови повеќе од децата на помалку зборливите родители.
  • Бебињата, кога ќе се родат, имаат 300 коски. Возрасните имаат 206. Како? Зошто? Имено, со текот на годините, многу од коските (како оние на черепот) сраснуваат заедно.
  • На наполнети 6 месеци, бебињата можат истовремено да дишат и голтаат. Од друга страна, 75% од возрасните и не се баш вешти во оваа дисциплина.
  • Со текот на времето, бебињата имаат чудна навика да стануваат четиригодишници. Просечен 4-годишник поставува 437 прашања дневно! Чисто да си знаете…
- Реклама -