Постојат луѓе во животот со кои не се согласувате, можеби дури и не ги поднесувате, но не постои ништо што можете да сторите околу тоа, зашто тие и натаму ќе останат дел од вашиот живот (шефот, свекрвата/бабата, здодевниот сосед). Иако постои цела наука што би им помогнала на тие луѓе да станат помалку невротични, здодевни, а повеќе човечни; вистината е оти не можете да смените никого освен себеси. Овие 8 совети ќе ви помогнат да се сложувате подобро со нив, да си го направите животот поподнослив.
Постојат луѓе во животот со кои не се согласувате, можеби дури и не ги поднесувате, но не постои ништо што можете да сторите околу тоа, зашто тие и натаму ќе останат дел од вашиот живот (шефот, свекрвата/бабата, здодевниот сосед). Иако постои цела наука што би им помогнала на тие луѓе да станат помалку невротични, здодевни, а повеќе човечни; вистината е оти не можете да смените никого освен себеси. Овие 8 совети ќе ви помогнат да се сложувате подобро со нив, да си го направите животот поподнослив:
1. Зголемете го контактот. Ова оди против интуицијата, од проста причина што секогаш се обидуваме да ги одбегнеме луѓето кои не ни се допаѓаат. Но, според ефектот на изложеност, можно е да засакате некого само затоа што ќе поминете подолго време со него.
2. Правете убави нешта за тие личности. „Преферираме да го минуваме времето со оние на кои им чиниме добро, отколку со оние што ни чинат добро“ рекол Ла Рошефукалд.
3. Допрете ги незабележително. Незабележливиот, кус допир ги зголемува позитивните чувства кај сите луѓе.
4. Опуштете се. Шегувајте се за нештата што ве нервираат. Исмевајте се на сопствените реакции. Смејте се. Ништо не ги неутрализира негативните чувства како добрата, сподолена смеа (ова може да е тешко да се изведе, но обидете се).
5. Однесувајте се пријателски. Иако мислиме дека се однесуваме според чувствата, понекогаш е можно да чувствуваме според начинот на кој се однесуваме. Обидете се да се однесувате онака како што сакате да се чувствувате.
6. Одолејте ѝ на потребата да критикувате. Кога ќе ги искажете поплаките гласно, сакале или не, тие влегуваат во умот на оној кому му се наменети и веќе активно придонесуваат во градењето на сликата за вас. Кога молчите, нештата се поинакви.
7. Помнете ги споделените среќни искуства. Присеќавањето на среќните искуства секогаш го подигнува расположението.
8. Бидете благодарни. Наоѓањето причини да бидете благодарни ќе ве направи посреќни отколку наоѓањето причини да бидете лути или изнервирани.