Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство.
Новозаразените се од:
• Скопје – 3
• Струмица – 2
• Куманово, Велес и Кичево – по 1.
Во последните 24 часа не се регистрирани нови починати лица.
Регистрирани се 72 оздравени пациенти од:
• Скопје – 23
• Куманово, Прилеп и Кичево– по 7
• Гостивар и Охрид – по 6
• Битола – 5
• Тетово – 4
• Радовиш – 3
• Штип – 2
• Струмица и Дебар – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.