8 најздрави намирници за појадок

Ако имате дилема што да изедете наутро, ова се осумте намирници со кои е најздраво да го почнете денот.

1.Јајца

Јајцата содржат 13 есенцијални хранливи материи, вклучувајќи протеини. Истражувањата покажуваат дека утринскиот оброк богат со протеини штити од нездрави оброци во текот на денот. Најмалку осум до 10 грама протеини, а по можност 20 до 25 грама не само што даваат чувство на ситост, туку и помагаат во одржување на мускулната маса. Може да ги подготвите на безброј начини и затоа се одличен избор.

friedeggs

2.Кафе

Иако премногу кафе влијае на нервозата, утринското е полно со антиоксиданси. Во умерени количини и без млеко и шеќер кафето го чува срцето и ја забавува когнитивната дегенерација. Штити од неколку видови рак.

3.Банани

Оваа едноставна намирница ја бие лош глас поради скробот и калориите. Банана со средна големина е богата со влакна, витамин Ц и калиум.Оваа комбинација помага во контрола на крвниот притисок.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок

4.Цитрон

IMG_7381-Grapefruit

Уште еден одличен извор на витамин Ц. Ова овошје е полно со влакна кое помага подолго време да се чувствувате сито, а некои студии велат дека од него може да го забрзате метаболизмот.

5.Шумско овошје

Полно е со антиоксиданси, витамин Ц, влакна и има малку калории. Некои истражувања покажуваат дека има антиканцерогени својства, а помага и при невролошка дегенерација поврзана со стареењето.

6.Јогурт

Овој производ е извор на протеини кои даваат чувство на ситост и се одличен извор на калциум. Бирајте јогурт со низок процент на масленост, а може во него да додадете шумско овошје.

7.Чај

green tea

Зелен, црн или бел – сите придонесуваат за заштита од неколку видови рак, срцеви болести и дијабетес. Пијте го без шеќер.

8.Овесна каша

Овесната каша е богата со влакна и долго ве чува сити, а помага и во регулацијата на холестеролот.

- Реклама -