8 најлоши реплики за запознавање девојки

Разговор Ако сте девојка, сте чуле барем дел од нив и потсетувајќи се на нив, слатко ќе си се изнасмеете. Ако сте машко и некогаш сте употребиле некоја од овие реплики, чувајте ја тајната до крајот на животот; а ако не, тогаш никогаш немојте! Следат осум од најлошите реплики за запознавање девојки во историјата на оваа „игра“.


Ако сте девојка, сте чуле барем дел од нив и потсетувајќи се на нив,
слатко ќе си се изнасмеете. Ако сте машко и некогаш сте употребиле
некоја од овие реплики, чувајте ја тајната до крајот на животот; а ако
не, тогаш никогаш немојте! Следат осум од најлошите реплики за
запознавање девојки во историјата на оваа „игра“:

Разговор„Ќе ти дадам 5 секунди да ми го дадеш бројот, инаку никогаш ќе немаш шанса да одиш со мене засекогаш!“

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

„Јас сум јак дечко, ти си јака цура, треба да сме заедно“

„Имаш убави, широки колкови за раѓање деца“ (особено популарна кај нас во последно време :D)

„Ми се чини дека си многу лоша во кревет! – Молам? – Изгледаш толку убаво што мислам дека воопшто нема да се трудиш!“

„Татко ти да не бил крадец? Ги украл ѕвездите од небото и од нив ги створил твоите очи!“

„Ми должиш пари – Зошто? – Ми живееш во срцето, а не си ми платила кирија“

„Мајка ти е секси. Се кладам дека ќе бидеш иста како неа кога ќе подостариш“

„Колку време ти беше потребно за да ги избричиш тие доооолги нозе?“

- Реклама -