8 корисни и невообичаени начини на употреба на солта

Солта не служи само за да ја зачиниме храната, туку е корисна и за превенција од убод од пчела, а може да послужи и како ефикасно средство за чистење на ѓезвето во кое си го правите утринското кафе. Еве неколку невообичаени и практични употреби што ги има солта.

1.Го смирува откот од убод на пчела

Ставете малку вода на местото каде што е убодот и додадете сол. Ќе го смири отокот моментално.

green-cleaning-products-344x2042.Ја чисти рерната

Доколку ви се истурила храна во рерната во текот на печењето, посипете сол за да го запрете чадот и непријатните мириси. Кога рерната ќе се олади употребете го солот како ефикансо средство и исчистете ја.

3.Ги елиминира разлеаните бои на алиштата

Ако ви се случило да перете шарени алишта на поголема температура, при што дошло до разлевање на боите, не грижете се, солта ќе ви помогне. Потопете ги обоените алишта во половина литар вода во која сте додале половина шолја оцет и половина шолја сол. Оставете да отстои еден час.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

4.Тест за расипани јајца

Ставете јајце во чаша вода во која сте додале две лажици сол. Свежото јајце ќе потоне, расипаното ќе остане на површината.

5.Исчистете го ѓезвето за кафе

p_sea-salt_1654549c

Во ѓезвето сипете четвртина шолја сол и десетина коцки мраз. Нека отстои половина час, а потоа измијте го со студена вода.

6.Исчистете го вештачкото цвеќе

Во една ќеса ставете ја солта и цвеќето. Протресете и ќе видите што сте постигнале.

7.Спречете замрзнување на прозорите

ws_Frozen_Window_1920x1200

Потопете сунѓер во солена вода и поминете ги прозорците со него. Истиот ефект може да го постигнете и на шофершајбната на вашето возило, ако ставите сол во газа и со неа го поминете стаклото.

8.Исчистете ја даската за сечење

Ставете сол на даската, изрибајте со тврда четка, а потоа измијте со топла вода. Повторете по секоја употреба на даската.

- Реклама -