8 електронски уреди кои ќе ви бидат потребни ова лето

Летото е на прагот. Без оглед дали планирате да одите на базен, до локалното езеро или да патувате со велосипед, задолжително земете ги со себе следните апарати.

1.GoPro HD Hero3- Доколку сакате да правите снимки и видеа на вашиот летен одмор, тогаш камерата GoPro HD Hero3 ќе ви биде од голема помош. Со капацитет на резолуција од 1080 p, GoPro е најдобар во правење снимки во акција. Не е важно дали снимате во базен или од хелихоптер, а се разбира можете да правите стандардни видеа на професионалната камера, па сите ваши домашни филмови ќе изгледаат неверојатно. Цената на камерата е 199 долари.

2.Turtle Shell Boombox– Речиси секој посакува да слуша музика надвор на сонце, но со прегрејување на мобилните уреди и звучниците вие ризикувате да ја оштетите електрониката. Цврста, водоотпорна, и со полнење на батеријата, Kickstarter-backed уредот е вистински погодок. Уредот наликува на желка, но е доволно практична да се постави на велосипед или на ремен. Работи со Bluetooth на 30 метри, а звучниците ќе ечат 9 часа со само едно полнење. Па и во случај да ви падне во кал, лесно се мие со ладна вода. Ќе ве чини 149 долари.

TurtleShell

3.Stick-N-Find– Планинарење, одење на плажа, си поминувате прекрасно лето. Но не се сеќавате каде ги оставате нештата. Но затоа се што ви треба е Stick-N-Find. Серија на Bluetooth копчиња поврзано со една смартфон апликација, со која ќе можете да го користете телефонот за да ди најдете работите или да вклучите аларм ако нешто е надвор од опсегот. Копчињата се прикачуваат на уредот директно. Stick-N-Find работи со повеќето производи на Apple, па може да го користите таблетот да го најдите вашиот телефон или обратно. Опсегот на секој уред треба да биде 100 метри. Овој уред не е евтин. Почетната цена му е 49.99 долари, но затоа е моќна направа.

4.Specialized Turbo– Кога времето се затоплува, сите сакаме да одиме надвор и да се движиме. Електричниот велосипед изгледа грубо, непривлечно, но затоа Specialized Turbo не. Со елегантни рачки и хауба, велосипедот дозволува различни степени на електрична помош, да ве однесе кај што сте тргнале набрзо што може. Во додаток е целоснто струјно турбо мод. Со максимална брзина од 27 километри на час, може да се потпрете целосно на моќноста на велосипедот. Неговата цена се движи на 5900 долари.

specializedturbo

5.Revive PowerUp– Ви претставува проблем како да ги наполните вашите уреди додека сте на плажа или на отворен пат. Многу малку полначи даваат многубројни опции како што тоа го прави Revive PowerUp. Двата достапни модели 3P и 4P не само што обезбедуваат 2 отвори за USB кабели, туку и ги напојуваат со енергија DC уредите.

6.Samsung NX2000– Иако на пазарот се намалува побарувачката за point and shoot камерата, иновациите сепак се зголемуваат. Последната верзија на камери на Samsung, Samsung NX2000 има изобилство на лесни карактеристики и директни споделувачки способности, што ќе му помогне и на фотографот аматер. Оваа камера доаѓа со стандарден објектив и леќи. Наместо копчињата да се назад на камерата, 3.7 инчниот екран на допир ги поседува сите телефонски карактеристики, додека ги прегледувате фотографиите. За оние кои сакаат веднаш да споделат слики со пријателите, камерата е опремена со Wi-Fi и NFC. Цената е 650 долари.

7.Grace Digital EcoXBT– EcoXBT е Bluetooth компатибилен звучник, кој може да издржи 10 часа музика. Издржлив на вода, шок и нечистотија, EcoXBT исто така плови на вода, што е совршена опција за мрзливи луѓе. На вградениот speakerphone може да примате повици. За 129 долари EcoXBT е најпознат звучник на пазарот во моментот. Неговата ултра водоотпорна надворешност прави да е одлична опција за музика на базен.

ZBoard

8.ZBoard– Електричниот ZBoard е технолошки одговор за скејтбоардинг, овозможувајќи ви да ја забрзувате и намалувате брзина со менувањето на неговата тежина. Со максимална брзина од 15 милји на час, возењето е прилично брзо и не ви бара користење на нозете. Неговите огромни тркала се приспосубуваат и на нерамен терен. Неговата цена е 650 долари.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -