8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Можеби и не сме свесни, меѓутоа јогуртите имаат голем позитивен ефект на нашиот организам и здравјето воопшто. Тие содржат активни јогуртни култури кои ја подобруваат дигестијата, а истовремено придонесуваат за добро варење на храната и активен метаболизам.

Бенефити има премногу, но ние ви ги издвоивме најважните 8.

1. Здрава дигестија

Здравата бактерија која се додава во јогуртот помага за регулирање на микрофлората во цревата и желудникот, која е одговорна за дигестијата и здравиот дигестивен тракт. Имајќи активна дигестивна култура се намалуваат ризиците oд гастроинтестинални заболувања, вклучувајќи рак на цревата, дијареа, нетолеранција на лактоза, запек итн.

2. Ја зголемува цврстината на коските и може да помогне како превентива за остеопороза

Комбинацијата на витамин D и калциум имаат значајна улога во скелетниот систем.

3. Го зголемува топењето на масти

Од спроведеното истражување во Универзитетот во Ноксвил, групата која консумирала јогурт во комбинација со дополнителен внес на калциум за да постигнат 1,100 милиграми на ден, изгубиле 22% повеќе телесна тежина и 61% повеќе од телесните масти, во споредба од оние кои не консумирале јогурт за време на диетата. Од истото истражување се докажа дека пределот кај стомакот и половината се деловите кои што имале најефективни резултати.

4. Го зајакнува имунитетот

Јогуртот може да го подобри мукозниот имунолошки систем преку зголемување на производство на цитокин клетки во цревата. При настинка и грип јогуртот помага за полесно и побрзо опоравување.

5. Го намалува крвниот притисок

Јогуртот има преку 600 милиграми калиум во регуларно пакување. Калиумот се верува дека помага во намалувањето на реапсорпцијата на натриум, што влијае на функцијата на нервниот систем и е важно во намалување на крвниот притисок и подобрување на здравјето на срцето.

6. Го ослободува лошиот холестерол

Пробиотиците во јогуртот, вклучувајќи ja Lactobacillus Acidophilus, го намалуваат нивото на холестерол со само една чаша од 200 милилитри. Во клинички истражувања докажано е дека јогуртот го намалува ризикот од коронарни срцеви заболувања од 6% до 10%.

7. Влијае врз расположението

За ефектот на пробиотикот на дигестивниот тракт и нивото на крвниот притисок веќе спомнавме погоре, но тоа што не е спомнато е дека нашиот стомак е директно поврзан со нашето расположение. Во едно истражување докажано е дека жените кои регуларно консумирале пробиотици преку јогурт покажале повеќе контрола врз емоциите и помалку анксиозност.

8. Може да помогне при хронични и психички заболувања

Во истото истражување спомнато погоре, се покажало дека пробиотиците имаат потенцијал да помагаат при хронични заболувања како Паркинсон, Алцхајмер и аутизам. Истражувањата исто насочиле кон прашањето дали третманите со антибиотици можат да го оштетат мозокот. Антибиотиците освен што лечат од лоши и опасни бактерии истовремено ги „убиваат” и добрите бактерии во стомакот. Според ова, заклучуваме дека јогуртот е најмногу препорачлив да се пие за време на антибиотска терапија со што ќе ги заштити добрите бактерии во стомакот.

Текстот е објавен во соработка со нашите партнери

- Реклама -