8 актери кои личат на средовечни лезбејки

Маси Ока Земете еден маж. Додадете му очила (унисекс, по можност) и малку ботокс. Зачинете го со лоша фризура или невкусно долга коса (по можност бојадисана). Нафрлете и слабост кон ролки и нормално, борба против стареењето која изгледа како да е битка во која може да се победи доколку се вложи само уште малку напор и ете ви – совршен примерок на маж кој изгледа како средовечна лезбејка.

Според листата на Кејт Мејс, авторката на блогот кој го започна феноменот на следењето на мажи кои изгледаат како средовечни лезбејки , ова се осумте највисоко рангирани актери:
Роберт Ретфорд

Роберт Ретфорд, актер, режисер.
Изгледа како шефица на катедрата за феминистички студии на општинскиот колеџ во Денвер.

Ворен Бити

Ворен Бити, актер, режисер.
Изгледа како „непријателот“ на Боби Ригз (Били Џин Кинг).

Кајл МекЛахлан

Кајл МекЛахлан, актер, познат по улогите во „Флинстоунс“, „Стриптизети“ и „Очајни домаќинки“.
Изгледа како менаџерка на веб-страница за две кученца.

Маси Ока

Маси Ока, актер, познат по улогата на Хиро Накамура во „Херои“. Прогласен за генијалец од магазинот „Тајм“, со IQ од 180.
Изгледа како авторка на есеј во кој се заклучува дека сексот со маж е по дефиниција криминално дело предизвикано од омраза.

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?

Дејна Карви

Дејна Карви, комичар, актер, тапанар, имитатор на Џорџ Буш, со нешто поголем успех во полето на надворешната политика.
Изгледа како сопственичка на спасувачка служба за емоционално злоупотребувани мачки.

Тим Робинс

 
Тим Робинс, актер, писател, висок човек.

Изгледа како освојувач на 12 титули по ред со Флорида Гејторс, женскиот одбојкарски тим, во доцните седумдесетти и раните осумдесетти. 

Мајк Мајерс

Мајк Мајерс, актер, комичар, писател.
Изгледа како активистка која ги истакнува опасностите од постоењето на анимираните ликови-травестити.

 Рики Џарвис

Рики Џарвис, актер, комичар, писател. Создавач на популарната серија „Канцеларијата“ и не толку популарната „Статисти“.
Изгледа како некој што се преселил на Алеутските Острови со партнер социјален работник и учи за да стане свештеник во Англиканската Црква.

- Реклама -