7 видови на храна која воопшто не е добро да се јаде пред спиење

Дали некогаш сте легнале во кревет уморни од секојдневните активности, но сепак не сте можеле да заспиете?

Или сонот ви бил скратен од честите будења? Причината за немирните сонови можеби се крие и во храната која ја јадете пред спиење. Овие седум видови на храна дефинитивно треба да ги прескокнете во вечерните часови.

1. Темна чоколада
Како ова грешно задоволство може да биде лошо за вас, се прашувате? Колку е потемна, толку е повкусна чоколадата, нели? Но, чоколадата со голема количина на какао исто така содржи и поголема количина на кофеин кој ќе ве разбуди, ќе ја забрза работата на метаболизмот и ќе го наруши вашиот сон. Од истата причина, воздржете се од пиење на кафе и други пијалоци кои содржат кофеин пред спиење.

Screenshot_15

2. Зачинета храна
Сонот ги успорува повеќето телесни функции вклучувајќи го и варењето на храната. Ако јадете зачинета храна пред спиење ќе предизвикате зголемена работа во дигестивниот систем. Покрај тоа, силните зачини ја зголемуваат температурата на телото и на тој начин дополнително се збунува телото.

Screenshot_14

3. Мрсна храна
Можеби јадењето на вкусната пица или помфрит ќе ви помогне да заспиете полесно, но таквата храна ќе го наруши мирниот сон. Научниците од универзитетот во Минесота спровеле студија на глувци, која покажа дека хранењето со мрсни намирници обезбедува долго спиење, но проследено со немирно спиење со чести будења.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Screenshot_19

4. Црвено месо
Храната со висок процент на протеини како црвеното месо, бара долг процес на варење. За телото особено е непријатно ако се конзумира без јаглехидрати, па таков тип на намирници најдобро е да се избегнат пред спиење.

Screenshot_18

5. Житни снегулки
Топлото млеко е природен седатив кој проверено успива. Ако го измешате со типична храна за доручек, како житни снегулки може да го забавите процесот на доаѓање до сон. Главна причина за тоа се крие во големата количина на шеќер кој индустриски се додадува во производството и кој го разбудува телото. Од истата причина избегнете ги сите видови на слатки со висок процент на шеќер.

Untitled-10

6. Лиснат зеленчук и грав
Зеленчукот со висок процент на диетални влакна како зелка, кељ, целер и грав одлично делува на дигестивниот систем, па се препорачува да се јаде во текот на денот. Избегнувајте го, сепак, овој зеленчук пред спиење, бидејќи ќе го наруши варењето на храната и сонот.

Screenshot_17

7. Кисело овошје
Добриот сон ќе го наруши и некое кисело овошје како портокали и малини. Внесувањето на витамини пред спиење ќе ја попречи правилната работа на системот за варење, но ќе ви даде и бран на енергија која не сакате да ја имате пред спиење. Исто така, избегнете јадење на домати пред спиење.

Screenshot_11

- Реклама -