7 непријатели на вашите заби

Киселината од газираните сокови и цитрусот ја нагризува забната глеѓ, кафето и алкохолот оставаат дамки на забите, а сувото овошје и бонбоните го зголемуваат ризикот од кариес. Прочитајте кои намирници треба да ги избегнувате ако сакате бели и здрави заби.

1.Бонбони, желе, гумени бонбони…

bubble-gum__18486_zoom

Сите овие производи се полни со шеќер на кој му треба подолго време да се растопи отколку на чоколадото. Во процесот на растопување, бактериите го претвораат тој шеќер во киселина која ја оштетува забната глеѓ и го забрзува формирањето на кариес.

2.Газирани сокови

gazirani-sokovi-585x390-20110207-20110215115227-e2cbbf3fd1849982b9a635770f97bdaf

Во лименка газиран сок во просек има 11 лажици шеќер што за три пати го зголемува ризикот од расипување на забите и ја уништува забната глеѓ. Токму поради ова се препорачува да се избегнуваат овие сокови или да се пијат со сламка.

3.Цитруси

Citrus_paradisi_(Grapefruit,_pink)_white_bg

Силните киселини од цитрусот ја нагризуваат забната глеѓ и го забрзуваат расипувањето на забите, а не помага ниту четкањето. Се препорачува устата да ја измиете со студена вода, а со четкање треба да причекате најмалку еден час поради тоа што со четкичката киселината се шири во устата и продира подлабоко во забите.

4.Кафе

A_small_cup_of_coffee

Кафето остава дамки на забите поради што тие изгледаат жолти, ја оштетува глеѓта и може да предизвика воспаление на непцата.

5.Алкохол

Alkohol

Освен кафето и алкохолот го намалува природното производство на плунка која ги штити забите од остатокот од храната и штетните киселини и така ги надразнува непцата.

6.Чипс

lays0313_03122010095320

Чипсот и лебот може да се задржат меѓу забите и токму поради ова по јадење на овие продукти задолжителни треба да се ичсистат забите со конец за да спречите таложење на бактериите.

7.Суво овошје

4

Сувото овошје како и гумените бонбони се лепат за забите, па на тие места плунката не може да ја неутрализира киселината која се создава и ги оштетува забите.

 

- Реклама -