7 најопасни пешачки патеки на светот (видеа)

mount-huashanПешачењето во природа е вообичаена активност или спорт во кој уживаат секојдневно милиони луѓе. Меѓутоа, постојат неколку пешачки патеки во светот кои се само за оние најхрабрите. Тие се навистина опасни и наменети само за оние со авантуристички дух (или оние кои се доволно луди за да го направат тоа). Преку овие видеа можете да фрлите поглед (од безбедно) на седумте најопасни пешачки патеки на светот.


Пешачењето во природа е вообичаена активност или спорт во кој уживаат секојдневно милиони луѓе. Меѓутоа, постојат неколку пешачки патеки во светот кои се само за оние најхрабрите. Тие се навистина опасни и наменети само за оние со авантуристички дух (или оние кои се доволно луди за да го направат тоа). Преку овие видеа можете да фрлите поглед (од безбедно) на седумте најопасни пешачки патеки на светот.

Прошетката по Шпанската El Caminito del Rey (или Малата кралска патека) не се препорачува за оние со слабо срце. Всушност, самата патека е како во кошмар: многу тесна и на голема височина, а под неа ве чекаат остри карпи. Тешко е да се замисли како успеале да одат по неа и да го снимаат видеово во исто време.

{youtube}ZmDhRvvs5Xw&feature{/youtube}

Пешачењето добива нова димензија на планината Хуа на која се наоѓа т.н. „Најопасна пешачка патека на светот“. Ова е совршена дестинација за оние кои сонувале да одат по старо дрво што виси стотици метри над земјата.

{youtube}72rN5zO2T7A&feature{/youtube}

Доколку сте по пештерите и дивите животни можеби прошетка по Леконте планината во Тенеси е токму за вас. Само пазете се од лилјаци и ужасно стрмните надолници. За среќа, ова видео е фина демонстрација која ги објаснува сите опасности и неприлики таму.

{youtube}VWxexLm7kEQ&feature{/youtube}

На Мачу Пикчу може да се ужива во прекрасниот поглед, неверојатната флора и во една од најстрмните патеки на светот. Не гледајте долу!

{youtube}D177AybD-vo&feature{/youtube}

Angel’s Landing во Јута е едно од најстрмните пешачки патеки на светот. Оние кои се плашат од височина или тесен простор нека не ни помислуваат на ова место.

{youtube}4EEreTZLMz0&feature{/youtube}

Филипинската планина Пинатубо ги привлекува адреналинските зависници од цел свет. Погледот од неа е зашеметувачки, патеките се многу стрмни, а тука е и вулканот кој имаше ерупција во 1991. Понесете опрема за искачување по карпи и не заборавајте на вашата среќна амајлија.

{youtube}p9Bt6ZGOe2U&feature{/youtube}
{youtube}9cIQHPdwMXk&feature{/youtube}
- Реклама -