Во регионот и светот Македонија е актуелна тема поради референдумот и Договорот од Преспа.
Српските медиуми веќе објавија листа на седум држави кои поради различни причини го промениле своето име.
Бангладеш – по одвојувањето на Пакистан од Индија, Источен Пакистан се издвоил како посебна држава, со името Бангладеш
Шри Ланка – оваа држава некогаш се викала Цејлон
Индонезија – по одвојувањето од Индија, Источна Индија станала Индонезија
Демократска Република Конго – најпрво биле Република Конго, па Заир, а во 1997 година станале Демократска Република Конго
Буркина Фасо – додека била француска колонија се викала Горна Волта, а од 1984 година оваа држава е позната киако Буркина Фасо
Камбоџа – тие двапати менувале име, прво биле Камбоџа, па потоа Кампуџија што е адаптација на терминот „Камбоџа“ на кмерски дијалект, за во 1989 година да биде вратено првобитното име
Мјанмар – за да расчисти со колонијалното минато, Бурма станала Мјанмар, иако светот долго се противел на прифаќањето на ова име