7 алтернативи на Photoshop помали од 2MB

Повеќе... Постојат стотици бесплатни фото едитори кои се преоптоварени со непотребни карактеристики. Понекогаш потребна е некоја едноставна и „полесна“ програма која нема да се отвора долго време и ќе ви дозволи да направите неколку едноставни уредувања на фотографиите. Еве една листа на 7 бесплатни алтернативи на Photoshop, помали од 2MB,  кои ќе ви заштедат време и ќе ве поштедат од непотребни компликации.

Постојат стотици бесплатни фото едитори кои се преоптоварени со непотребни карактеристики. Понекогаш потребна е некоја едноставна и „полесна“ програма која нема да се отвора долго време и ќе ви дозволи да направите неколку едноставни уредувања на фотографиите. Еве една листа на 7 бесплатни алтернативи на Photoshop, помали од 2MB,  кои ќе ви заштедат време и ќе ве поштедат од непотребни компликации.

Fotografix (616KB)
tmp1455.png

Со Fotografix можете да ретуширате фотографии, да додавате филтери, а има опција и за работа со слоеви, со чија помош можете да работите и на едноставни графички дизајни и со транспарентна позадина. Бидејќи големината на фајлот е многу мала и не е потребна инсталација, Fotografix можете да го користите и преку USB драјв.

splashup.png

Со оваа Adobe AIR апликација можете да едитирате и да додавате ефекти на фотографиите со помош на големиот број креативни алатки.

i.Mage (850KB)
i-mage.gif
i.Mage е уникатен, мал и брз графички едитор кој ви дозволува лесно и прецизно работење со пиксели.

Paint.net (1.6MB)
paint.png

Со Paint.net, кој може да му биде конкуренција на фото едиторот GIMP, и покрај тоа што „тежи“ само 1.6 MB, можете да правите повеќе напредни уредувања на фотографиите, поддржува слоеви и има бесконечна undo карактеристика.

IrfanView (1.28MB)
irfanview-photoshop.jpg

И покрај тоа што IrfanView е повеќе ориентиран кон разгледувањето, наместо кон едитирањето на фотографиите, сепак е една од најдобрите алатки од овој вид. Можете да правите слајдшоу, да пуштате звуци и филмови.

Free Image Editor е уште еден едноставен bitmap едитор на слики со кого можете да ретуширате фотографии или да работите со графика. Она што може да се издели кај овој едитор е можноста за правење скриншотови.

PhotoFiltre (1.6MB)
photo-filtre.png
Покрај големиот број на филтери, PhotoFiltre нуди и два типа на алатки за попрецизно селектирање.

- Реклама -