666 -6666 – најскапиот број на светот

Класичниот телефон некогаш беше главно средтсво за комуникација, но денес се повеќе комуницираме преку компјутер или лаптоп, користејќи сервис како Скајп, односно мобилни телефони.

Екипата на сајтот  GizmoCrazed објави неколку интерени факти поврзано со класичните телефонски броеви.

Најскапиот телефонски број е 666-6666  е продаден во Катар за дури 207 милиони долари ( парите биле донирани за хуманитарни цели), додека дотогашен рекордер бил 888-8888 продаден во Кина за 280.000 долари.

Итни телефонски броеви – Во САД се користи бројот 911 (интересно е што тој број прво се изговарал како 9-11, но лиѓето во паника вртеле само 11, па подоцна бил променет начинот на изговор во 9-1-1. Во Велика Британија тоа е 999, а во Европа – 112.

Фиктивни тел. броеви наменети за филмовите –  Во Америка постои т.н берза на фиктивни броеви на кои има телефонски броеви специјално наменети на фиктивно користење, односно во филмовите, ТВ емисиите и слични и тие броеви почнуваат со 555, за да се избегнат проблеми со користење на реални броеви.

„ Ало, тука ли е Бог?“

Во филмот „Семоќниот Брус“ бил користен телефонски број каков што се користи и во некои држави во САД, па сопствениците на тие броеви секојдневно добиваат повици во кои луѓето сакаат да разговараат со Бог. Поради тие проблеми, на ДВД верзијата телефонскиот број бил заменет.

Во тој контекст ве потсетуваме на најпознатиот телефонски број во Македонија

- Реклама -