Посна проја со праз

За денеска одбравме вкусен посен рецепт. Подгответе проја, но во една поинаква форма. Предлагаме да ја испечете во калапи за мафини.

Состојки:500г пченкарно брашно, 150г праз или 3 млади лукчиња, 4дл кисела вода, 150мл зејтин, прашок за пециво

Подготовка:Во пченкарното брашно помешано со прашокот за пециво додајте ја киселата вода и добро измешајте. Лукот ситно исечкајте го, издинстајте го на зејтин, и кога малку ќе се олади, додадете ја подготвената смеса. Тестото ставете го во калапи за мафини претходно намачкани со зејтин и печете на 220 степени, дваесетина минути.

Добар апетит!

Прочитајте и:  Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот: Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното
- Реклама -