61 Драмски аматерски фестивал на Македонија во Кочани

Под мотото „Знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме“, од денеска до 26 мај во Кочани ќе се одржи 61. Драмски аматерски фестивал на Македонија (ДАФ).

На свеченото отворање ќе гостува Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес со претставата „Вечера за глупаци“. Покрај тоа, во конкуренција за наградите, на овогодишната фестивалска програма љубителите на театарот ќе може да ги проследат претставите на десетина домашни и драмски групи и ансамбли од Ниш, Крагуевац, Прокупље и Смедеревска Паланка од Република Србија.

Фестивалската програма, која ќе се реализира со поддршка од Министерството за култура и од Општина Кочани, ќе биде збогатена со придружни културни манифестации.

Прочитајте и:  Прилеп ќе добие нов театар
- Реклама -