60 проценти од жените погрешно го облекуваат градникот – а вие?

Облекувањето на градник е многу едноставно – го местите во позиција, го закопчувате и облекувате маица.

Но, се чини дека, според последното истражување, поголемиот број на жени градниците ги облекуваат погрешно.

И додека пронаоѓањето на вистинската големина на градник е вистински проблем за голем број жени, а според податоците дури 85 проценти носат погрешен модел кој не одговара на нивната структура на тело, се чини дека многу жени имаат проблем и со закопчувањето на градникот. Поточно, го закопчуваат од напред па потоа го вртат позади, ги ставаат прерамките и го местат.

Вистинскиот начин на облекување на градник би бил оној кога прво ги ставате прерамките, го местите во позиција па потоа го закопчувате на грбот (со практика се усовршува техниката), а тоа го прават само 40 проценти од жените.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Screenshot_2

Зошто тоа е погрешен начин на закопчување на градник?

Обратното, односно погрешното облекување на градникот го прави материјалот речиси двојно порастеглив поради што доаѓа до пукање на гумата на внатрешната ткаенина која градникот го прави еластичен и издржлив, што го скратува животниот век на долната облека.
Исто така, вртењето на градникот, триејќи го на кожата тој брзо се валка, а честото перење на материјалот на кошниците го менува нивниот облик.

- Реклама -